Претходно овој месец, компанијата Eviation Aircraft која има база во државата Вашингтон во САД, го претстави својот дизајн за Alice, нивното прво целосно електрично летало. Леталото е компактен патнички авион и треба да го има својот инаугурациски лет подоцна оваа година.

Eviation

Авионот има капацитет за девет патници и двајца членови на екипажот, а со оглед на тоа дека се напојува со електрична енергија, нема никакви CO2 емисии, се одликува со минимална бучава и има значително помали оперативни трошоци по часови летање. Alice се напојува со два magni650 електрични погонски единици од magniX, кој е единствениот електронски погонски мотор од ова ниво кој е докажан во летањаето. Освен тоа, fly-by-wire системот на авионот е направен од страна на Honeywell.

Кога станува збор за функцијата на батеријата, системот за батерии со единечен волумен со висока енергетска густина е направен од технологија на батериски ќелии која веќе постои. Дизајнерските елементи и искористената технологија ја олеснуваат и веродостојно им помагаат на пилотите за лесна транзиција кон летање на електричен авион, забрзувајќи го пристигнувањето на овој авион на пазарот.

Eviation ветува максимална брзина од 407 километри на час и максимален домет од 440 наутички милји, или околу 814 километри по целосно полнење на батеријата.

„Споделувањето на продукцискиот дизајн на Alice е специјален ден за Eviation и нашите партнери. Исто така претставува и последен чекор во нашето последно патување кон првиот лет на Alice. Електричната авијација ќе продолжи да отвора нови можности за достапно, одржливо регионално патување низ целиот свет. Alice е подготвена наскоро да ја претвори таа можност во реалност“, изјави извршниот директор на Eviation, Омер Бај-Јохај.