Нема ништо подобро од наоѓање на одлична зимска јакна која секако е импресивно топла, е стилска и лесна. Најновата колекција на Everlane, Re:Down, е линија на зимски јакни наменета за жени и мажи која ги исполнува сите горенаведени критериуми и се направени од целосно рециклирани материјали.

Everlane

Машката колекција Re: Down Reversible Puffer, всушност е совршено решение за луѓе кои сакаат да бидат стоплени во „бруталните” зимски денови а во исто време да бидат и модерни. Компанијата која е позната по транспарентноста во работењето и чие мото е „We believe we can all make a difference.” всушност мисли и на луѓето кои често патуваат па така во оваа јакна ќе најдете придружник за Вашите патувања, бидејќи оваа импресивно лесна, топла, водоотпорна, еколошка, јакна со две лица всушност се пакува во перница.