Направете круг на темната страна. Овој мотор е убавина во движење која нема да ве остави рамнодушни.
Станува збор за The Bandit9 EVE 2020, мотор кој навиум наликува на некаков концепт кој допрва треба да се појави на пазарот. Но, оваа естетска и адреналинска машина е веќе реална и достапна во продажба.
Овој мотор е симбиозна на соработката помеѓу генералниот директор на Bandit9, Дарил Виљануева, виетнамската компанија која ни ги прикажа Honda Super Sport 125 и Harley-Davidson Street 750, и луксузната куќа Lane Crawford Hong Kong.
„Изгледа како ракета или подморница, на некој начин како оружје“ вели Виљануева.
Голем дел од моторот е рачна изработка од нерѓосувачки челик, додека седиштето во форма на капка е изработено од кожа.
Цената на еден EVE 2020 изнесува 11.590 долари, а изработени се само 9 примероци.