Etro гледа кон минатото со перспектива на сегашноста кога станува збор за кампањата за колекцијата Есен/Зима 20-21. Италијанскиот бренд го прифати слоганот „We Are All One”, што се однесува на рекламата за есента 1997 година „Animen”, искажувајќи го одразот на духовноста во светот.

Etro

Оваа кампања Etro ја започнува со основачот на брендот Gimmo Etro. Позади апаратот на оваа кампања стои Dario Catellani, додека за стајлингот се погрижи Sissy Vian. Колекцијата содржи елегантен асортиман на шик парчиња од кадифе и свила. Најмногу се истакнуваат совршено скроените костуми кои едноставно не оставаат без зборови.