Дизајнерската компанија со седиште во Германија, Werteloberfell, CEA liten од Франција и VTT од Финска ја создадоа ESUB Tracks смарт кацига. Иновативниот дизајн вклучува електронски карактеристики за подобрување на безбедноста на корисниците, додека пак печатени органски фотоволтаици кои ја обвиткуваат надворешноста на кацигата овозможуваат полнење на батериите за напојување на сите електронски компоненти.

Целта на ESUB Tracks кацигата е олеснето и посигурно искуство за велосипедистите, па поради тоа има интегрирани звучници, микрофон, кои се поврзуваат преку Bluetooth со паметниот телефон на велосипедистот и испорачуваат аудио без да се намали свеста за околината.

Сензорите за близина на ESUB Tracks ја следат областа зад корисникот, така што ако некое возило брзо му се приближува на велосипедистот одзади, пиезоелектрични хаптички активатори започнуваат да вибрираат за да го предупредат велосипедистот.

Во кацигата има и микрофон кој преку гласовна команда активираат и контролираат трепкачки светла. Овој концепт за дизајн потекнува од соработка, финансирана од ЕУ, помеѓу дизајнери и научници за материјали, добавувачи на материјали, крајни корисници и производители.