Estrema Fumilnea е името на новиот електричен хиперавтомобил кој ќе се роди во италијанската долина на автомобили, а ќе биде произведен во ограничен број со цена која само неколкумина ќе можат да си ја дозволат. Од 2023 година само 20 возила ќе се произведуваат секоја година, а цената изнесува 1,96 милиони евра.

Automobili Estrema е компанија создадена во 2020 година од страна на Џанфранко Пицуто – во 2007 беше првиот инвеститор и коосновач на Fisker Automotive – со цел да креира автомобил кој ќе ја отелотвори најнапредната технологија во полето на батериите и префинетото мајсторство во конструкцијата на високоперформансни автомобили типични за Италија.

Estreme Fulminea ќе биде првиот првиот автомобил во светот кој ќе користи иновативен пакет на батерии кој комбинира иновативни литиум-јонски ќелии со цврсти електролити и ултра-капацитетори. Оваа поставка ги напојува сите четири тркала за вкупна моќност од 2.040 КС. Батеријата, која тежи само 300 килограми, е дизајнирана и произведена во соработка со IMECAR Elektronik, а овозможува збрзување од 0 до 320 километри на час за помалку од 10 секунди! Автономијата на движење е 520 километри според WLTP циклусот.

Estrema

Уникатен дизајн

Стилската филозофија на Automobili Estrema е базирана на композиција од четири особености – романтицизам, елеганција, чистота и баланс. Скулптурните линии на каросеријата се комбинирани со додатоци типични за тркачкиот свет како аеродинамички елементи од карбон, заден адаптивен спојлер, карбонски прекривки за тркалата и големиот број отвори за воздух, меѓу другото. На профилот доминираат линии и облини кои добиваат форма на молња, карактеристични за производителот.

Estrema

Дизајнот на ентериерот е направен на таков начин да го фаворизира максимизирањето на аеродинамиката со овозможувањето на воздушен проток долж целиот профил на автомобилот. „Ламбо“ вратите се одликуваат со широк агол на отворање за лесен пристап. Камера системот е интегриран на двете страни како замена за внатрешниот ретровизор, кој овозможува снимање и проектирање на реална слика во автомобилот. Со цел да се задржи елеганцијата и чистотата на автомобилот, рачките се интегрирани и имаат иновативен систем на допир.