Дизајнирана од јужнокорејката Јеоџин Јунг, Estrella е суперјахта со извонреден облик и луксузен стил. Овој луксузен пловен објект сличен на хидро-авион овозможува динамично искуство поради поделбата на три сегмента: централен дел и две крила. Структурата во форма на Y е мешавина од изводлив и иновативен распоред кој обезбедува интимно искуство со природата, односно овозможува поглед на различни делови од различни места. Со својата Y форма оваа суперјахта и пркоси на гравитацијата, за што се одговорни стабилизаторите на перките, систем со кој се контролира бродот, инсталиран на двете страни од централниот дел на бродот.

Вкупната должина на јахтата изнесува 104 метри. Инспирација за целиот овој концепт била конзолната архитектура. Во Estrella во еден момент може да има вкупно 20 патници, што претставува престој на поголем број на патници во споредба со традиционалните јахти.

Estrella суперјахтата е направена од алуминиум и има хибриден дизел мотор. Брзината на јахтата не е фасцинантна, изнесува 15 јазли, но е доволна за едно мирно крстарење. Сепак оваа јахта е создадена за уживање. За производство на ваква јахта сеуште нема информации, но наградата која ја доби дизајнот на  A’ Design Award and Competition и самиот дизајн општо би бил инспирација за производство на нешто волку величествено.