Следниот месец ќе дебитира „Estelí Puro” новата креација на Diesel создадена во соработка на AJ Fernandez. Колекцијата пури ја користи јачината и комплексноста на реномираниот тутун на Estelí, кој потекнува од најтемните и најгустите предели на Никарагва. Тутунот е рачно берен од фармите на AJ Fernandez со цел да ги задоволи специфичните барања утврдени од тимот на Diesel, додека омотот потекнува од La Lilia.

„Estelí Puro ја претставува иднината на Diesel, а приказната за мешавината ја раскажува самиот тутун. Оваа креација е уникатна по својот храбар профил на вкус, цигара која бара целосно внимание со длабок и избалансиран вкус и силна презентација.”- стои во изјавата на менаџерот Џастин Ендрјус.