Светот брзо се менува, а исто така и козметичката индустрија. Креативноста нема граници…па така Estee Lauder склучи договор со NASA да однесе 10 шишиња од нивниот производ Advanced Night Repair серум во Меѓународната вселенска станица за фотосесија со Земјата како позадина.

За оваа кампања козметичкиот бренд Estee Lauder одвои 128.000 американски долари. За кампањата да стане поинтересна, компанијата потврди дека едно шише ќе биде предмет на наддавање на аукција а средствата собрани од продажбата на истото ќе бидат наменети за добротворни цели.

За оваа соработка господинот Фил МекАлистер, директор на NASA за комерцијален развој на вселенски летови ќе каже: „Треба да ја прошириме перспективата на луѓето за тоа што можеме да постигнеме во вселената“.