Есента е совршена за модни комбинации бидејќи со неа започнува облекувањето во слоеви. Од каубојски стил па сè до градски фраер, ова се неколкуте модни комбинации кои ви ги препорачуваме оваа сезона. 

Каубој на 21 век

Каубојската мода се враќа на голема врата со колекциите за сезона есен-зима 2019/20. Тексасот, сомотот, превртената кожа во комбинација со фланел, се вистински погодок. 

Градски шармер

Кога е во прашање градскиот стил, се посегнува по едноставноста и есенцијалните парчиња. Slim Fit панталони во темна нијанса, бомбер јакна (црна или тегет) бела маица или дуксер и бели патики. 

Оксфордски шик

Волнена јакна за студените денови, џемпер со линии на копчиња, панталони (но, карирани) и оксфордки. 

Италијански стил

Боите варираат во топла есенска палета – богата бордо црвена, кремави тонови, кафени нијанси. Што се однесува до парчињата, oversize тренч мантилот и ролката се задолжителни.