Употребата на есенцијалните масла како дел од ароматерапија, сега ни е попотребна од кога и да било претходно. Самоизолацијата доведе до вознемиреност, конфузија… па мала доза на „хармонија“ би ни годела. Покрај влијанието врз нашите емоции есенцијалните масла имаат и антивирусни и антибактериски својства. Козметичката заедница од друга страна велат дека фитонутриентите влијаат позитивно на кожата.

Што се есенцијални масла? Најароматичните и испарливи состојки кои се наоѓаат во растенијата се есенцијални масла. Тие можат да се екстрахираат од сите делови на растенијата, тоа е она што ги прави толку интересни. Цветовите произведуваат есенцијални масла кои често имаат смирувачко, наркотично или релаксирачко дејство врз телото. Маслата од лисја често имаат лекувачки и разладувачки својства кои доаѓаат од зелената боја на хлорофилот. Корените содржат многу својства кои растенијата ги поврзува со земјата.

Од друга страна пак сетилото за мирис кое е поврзано со нашиот мозок помага во процесот на активирање на емоциите. За маслото од рузмарин се вели дека го активираат вашиот ум и тело, додека сандаловото дрво има смирувачко влијание, затоа се користи во храмовите. Кога мирисаме есенцијални масла, испарувањата го стимулираат олфакторниот нерв преку кој се стимулира мозокот кој регира со емоција, сеќавање или желба.

Одржувањето на нашиот имунолошки систем е многу битен сега. Па така овие масла кои имаат влијаат врз зголемување на нашата енергија и помагаат да се ослободиме од инфекциите се потребни. Користењето на есенцијалните масла е разновидно, од употреба при инхалации, водени бањи, дифузери или со едноставно земање 2-3 капки на дланките и вдишување според пропишаните упатства.

Работи кои треба да ги запомните при користење на есенцијалните масла е дека секогаш треба да ги разредите со масла носачи како што е масло од арган, масло од баобаб, семе од црна рибизла или масло од таману. Сите овие масла помагаат во чистење, лекување, расположување и навлажнување.

Држете се до некомедогените масла и избегнувајте такви како кокосово масло и масло од јојоба бидејќи ги затнуваат порите. Најпопуларно е маслото од лаванда кое треба да го имате во домот кое се користи за исекотини, изгореници, за смирување на главоболката, за подобрување на спиењето и има антисептичко дејство. Покрај лавандата, маслата од еукалиптус, рузмарин, чајно дрво, лимон, мајчина душица и босилек се доста барани и користени при некакви здраствени потреби. Во ритуалите за убавина најкористени се маслото од лаванда и гераниум поради моќта на чистење.