Холандската компанија за дизајн Feadship создаде нова супер јахта, наречена Escape, која нуди нови нивоа на луксуз истовремено намалувајќи го нејзиниот јаглероден отпечаток. Оваа концепт јахта создава интересна симбиоза меѓу екологијата, технологијата и луксузот кој го нуди за патниците.

Escape јахтата располага со месечев базен кој нуди поглед од 360 степени под вода, стаклена градина за одгледување билки, приватна подморница и myCopter, личен дрон хеликоптер што им овозможува на патниците да ја истражуваат околината одозгора. Покрај убавината на базенот, можноста за користење на стаклен панорамски лифт кој овозможува поглед на брановите одоздола, патниците ќе можат да уживаат и во спа и велнес центар.

Во однос на еколошките спецификации на Escape, супер јахтата има 700 квадратни метри соларна плоча. Feadship исто така користи технологија што ја намалува потрошувачката на гориво на јахтата за 35 проценти, со хибриден погонски систем. Оваа јахта располага и со паметен систем за контрола на температурата и климатизација, користејќи го издувниот воздух за ладење а отпадна топлина од генераторите за греење.