Louis Vuitton го покажа своето авангардно ремек дело, часовникот Escale Spin Time за луѓе кои не се плашат да излезат од својата комфорт зона и да направата нешто поразлично. Посебноста на часовникот доаѓа и од материјалите кои се користени за неговото создавање, па доаѓа со куќиште од 41 mm, со база од розево злато и титаниумски финиш обложен со PVD слој.

Escale Spin Time го добива своето име по уникатниот временски приказ, бидејќи користи ротирачки коцки за да го покаже времето. Овој дизајн е патентиран и создаден целосно во la Fabrique du Temps Louis Vuitton. Со овој дизајн успешно се отстапува од традиционалниот начин на прикажување на времето што го прави часовникот интересена и забавна хронолошка креација.

Величенствениот дел кој го краси и прави уникатен овој часовник е бројчаникот создаден од Gibeon метеорит, кој паднал во Намибија пред милиони години а убаво одговара со мотивите на коцките. Ременот на часовникот е изработен од алигаторска кожа, додека останатите делови како што е токата се изработени од 18-каратно розево злато. Овој часовник по специјална нарачка а цената е 49.500 американски долари.