Класичната порнографија одамна нема што ново да ни понуди. Токму затоа разгорувањето на фантазијата и зачинувањето на сексуалниот живот време е да го побараме во литературата. Читањето книги сепак може да ни го подобри животот, особено сексуалниот живот.

Сите уживаме во порното. Помалку или повеќе. Порното е можеби едно од најдобрите нешта кои човекот ги создал. И сексуалната револуција во 60тите години на минатиот век. Но, да се вратиме на порното и еротиката. Вториот Њутнов закон вели дека секоја акција има реакција, а една од најдобрите реакции кои произлегуваат од добро порно е мастурбацијата, придобивките од истата се добро познати, ослободување од стрес, наплив на енергија, сјајна кожа, добро расположение и себеспознавање. Знаете колку е ретко да се најде цел овој пакет во моменталново чудно време.

Веројатно големиот Сократ на ум го имал и ова кога ја кажал познатата „Спознај се себеси“. Како и да е бидејќи сите сме на иста бранова должина во врска со благодетите од порнографијата, време е да се охрабриме да консумираме уште повеќе од истата. Или можеби не повеќе, бидејќи изгледа дека веќе имаме видено сè, туку да консумираме нешто поразлично. Нешто освежувачки добро. Нешто кое уште повеќе ќе ни ги разбуди сетилата и нешто далеку попрефинето. Мислам на еротика. Еротска литература. Уметност во пишана форма.

Ако прво на памет ви падна 50 нијанси сиво, целата трилогија од околу 1.000 страници, која на моменти е напорна и бавна, не сте единствени. Но, многу пред оваа холивудски поткрепена садо мазо романтична приказна, постоеле експлицитни приказни, новели па дури и фантастични фикции со сочна еротска тематика, од Фани Хил и мемоарите на жената која нуди задоволства, до Љубовникот на Маргарет Дура, па дури и Декамерон на Џовани Бокачо и секако познатата Камасутра.

Листата е долга, а секоја една нуди малку поинтимно, мистично и дефинитивно артистичко креирање на „филмот во глава.“ Резултатот? Долго и далеку посилно зачинување на фантазијата (што подоцна може лесно да се преслика во креветот, без оние високи очекувања кои ги наметува класичните порно филмови). Но, доколку не сте расположени за конкретна литература, не се откажувајте.

Да живее интернетот и бескрајните можности кои ги нуди! Токму тука можете да најдете еротика кроена по ваша мерка – пократка, подолга, со пребарување по клучни зборови… бескрани можности како што кажав. И тоа достапни се без никаква претплата. На пример, сајтовите како Literotica и Lush Stories се полни со кратки приказни поготвени да ги проголтате во еден залак. И општо правило е дека пишаната еротика е многу полесна за пребарување, темелно е опишана, рафинирана па лесно ќе го најдете тоа за што во моментот сте гладни.

Еротиката е на многу начини подобра од визуелното порно, бидејќи истата се потпира на вашата фантазија, наместо да ви ја сервира фантазијата на режисерот на порното. Исто така, ви дава слобода да визуелизирате ликови и места, како и контрола доколку опишаниот лик не ви се допаѓа да му дадете свој опис. Плус, нема лоши кадри, катастрофална светлина, непотребни тетоважи на колк и бесрајно нереални воздишки… И разнишана камера. Совршеното сценарио ќе го диригирате онака како што сакате. Или што би рекол еден читател во истражување за Reddit „Не морам да гледам во задниците на машките актери!“ Искрено, нема што.

Пишаната еротика се фокусира на приказната, се развива бавно и токму во тоа е убавината. Секако, доколку не сте расположени за целосно препуштање, може да ги прескокнете бавните делови и да преминете на главното. Читањето еротика не се потпира на брзо задоволување, туку претставува вистинско одвојување на време за себе, истражување на сопственото тело и ерогени зони и буквално будење на сите заспани сетила. Ако гледањето порно е нешто како секојдневно туширање, тогаш читањето еротика е дефинитивно целосно уживање во када.

И ако ова до сега не беше доволно да преминеме на главното. Читањето еротика може да помогне да се чувствувате посамоуверено, секси и секако, да ви отвори некои нови гледишта (и техники) во сексот. Најчесто, еротската литература е пишувана од жените за жените, па токму затоа ако сакате да ја импресионирате вашата партнерка, можеби не би било лошо да прочитате детално што точно ги пали, што ги задоволува и што сакаат жените.

И еден мал совет, како да препознаете дали приказната е пишувана од маж или жена. На пример, ако жените во приказната имаат доминантно огромни гради(корпа 90Е или повеќе, нешто што тешко може да се најде во продавница за долна облека), тоа е тоа. Писателот е маж. Од друга страна пак, еротиката пишувана од жена, ќе се фокусира на начините на кои жените замислуваат и сакаат да се одвива предиграта, вклучувајќи експлицитни детали кои можеби и не би ви паднале на памет да ги направите.

Се разбира, не може потполно да се потпрете на литературата, жал ми е што морам да ви соопштам, но сепак ќе мора да комуницирате со вашата партнерка за тоа што всушност таа сака, или можеби да ја наведете низ игра да ви напише лична еротска приказна? Како и да е, ако порното е создадено од мажите за мажите, еротската литература има тенденција да се фокусира на она што жените го сметаат за секси, и она што воопшто ги пали.

Дали еротиката е совршена? Секако дека не. Брз преглед на списокот со клучни зборови на страницата Literоtica ќе ви ги покаже сите чудни патишта по кои може да се впуштите во еротското литературно патување, вклучувајќи криминалистичка драма, демони, разводи и многу, ама сериозно многу „fuck“ описни категории. Исто така, се наоѓаат и поплаки дека еротиката честопати не е толку добро напишана, што е нешто слично на лошата режија, сценографија или кастинг во порно филм.

Но, како и да е, ако очекувате еротска литература пишувана во висок стил на Толстој дефинитивно ќе се разочарате. Ако сте литературни фанатици и барате ситаксички, граматички и стилски грашки тогаш еротската литература не е за вас. Сепак, имајте предвид, дека овие бесплатни приказни се напишани од обични и малку (или малку повеќе) возбудени луѓе. Создадени да ја разгорат фантазијата и да ви помогнат да мастурбирате на нешто различно и секако да ви дадат некоја идеја плус како да ја изненадите партнерката следниот пат кога ќе „гужвате чаршафи.“ Плус, нели ви здодеа од порничите кои безмалку ги имате изгледано барем по 10тина пати? Сè што е ново, е забавно. А малку забава не штети никому, зар не?

Пишува: Лилит

СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ММАГАЗИН. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.