За својата последна колекција за сезоната Пролет-Лето 2021, италијанскиот бренд Ermenegildo Zegna настапи со кампања која го поставува прашањето „Што го прави мажот?“ (What makes a man?). Испитувањето на кревкоста на се околу нас, не тера да ги погледнеме квалитетите на еден поинаков начин. „Што го прави мажот?“ е главното прашање и срцето на кампањата на брендот оваа сезона. Тоа претставува можност за најблиските да ги разгледаат карактеристиките на мажите во нивните животи, додека светот поминува низ фундаментална промена. Она што е најбитно веќе не е „алфа мажјакот“ туку врската помеѓу семејството и луѓето кои ве опкружуваат. Ова претставува и саморефлекцсија на Ermenegildo Zegna, претставува интимен портрет на човештвото, откривајќи лични приказни и искуства. Кампањата е претставена од страна на моделот, пејач и текстописец Габриел-Кејн Деј-Луис и неговата мајка Изабел Аџани, а позадина за целата кампања е Oasi Zegna, природниот резерват во Италија. Секако да не заборавиме дека безвременските парчиња на Zegna уште еднаш ја надминуваат возраста и полот, симболично бидејќи можеби тоа „Што го прави мажот?“ е жената во вашиот живот.