Ermenegildo Zegna реши за сезоната есен-зима 2021 да ги (Ре)сетира опуштените форми. Всушност модниот бренд реши да ја истражи модерната конвергенција на јавниот и приватниот живот со својата колекција есен-зима 2021 година.

Во изјавата стои: „Сите доживуваме нова реалност водена од нови потреби, кои ни претставуваат претходно невидени животни стилови и ставови. Токму во вакво време, кога сè е предмет на дискусија, ние, Zegna, решивме да (Ре)сетираме. Ги погледнавме своите корени за да ги (Ре)интерпретираме нашите стилови и да го (Пре)кроиме, прилагодиме модерниот човек. Надворешното и внатрешното се спојуваат, и задаваат нов начин на облекување, каде што удобноста и стилот се мешаат за да се создаде нова естетика.“

Новата колекција на Ermenegildo Zegna дава пофлуиден пристап кон машката мода, со „loungewear“ реинтерпретирана како формална облека и мека ткаенина (Jersey-трикотажа) како основа. Монохроматската тема е доминантна низ целата колекција, со неутрални допири од сива, беж, бела и црна боја.