Љубителите на традиционално подготвено виски сега може да уживаат во Epitome Reserve на Diageo кое доаѓа во ексклузивно издание од само 2.000 шишиња. Epitome Reserve е ексклузивно виски направено 100 проценти од ориз, спакувано во исто така ексклузивна амбалажа. Прекрасната мешавина од златна течност е направена во Индија, од локален ориз собран од северните граници на Панџаб, кој потоа поминува над 2.000 километри за да созрее во Гоа во бурбон буриња три години. Мешавината е опишана со карактеристичен дрвенест вкус, богат вкус на сушено овошје, слатко тофи од карамела и зачински ноти. Амбалажата ја симболизира бесмртноста и долговечноста на банјан дрвото (вид на смоква). Diageo им оддава чест на луѓето кои стојат позади ова дело, втиснувајќи ги имињата на занаетчиите зад пакетот.