Познато е дека енергетските пијалоци не се нешто особено здрави, но најновите истражувања укажуваат на тоа дека шансите за добивање срцев или мозочен удар се пет пати поголеми, ако се консумираат овие пијалоци.
Причина за тоа е што овие енергетски пијалоци предизвикуваат благи аритмии, односно неправилна работа на срцето. Тоа понатаму доведува до тоа крвта неправилно да се транспортира низ телото, а ако крвта не дојде во доволни количини во мозокот, тогаш може да дојде до удар ( кој народски се нарекува шлог), кој може да биде и смртоносен.
Иако многумина сметаат дека нема ништо да им се случи ако испијат по некој енергетски пијалок, резултатите од универзитетот во Тексас покажуваат дека само една лименка со вакви пијалоци предизвикува срцеви проблеми и аритмии, што секако укажува на голема опасност.
Истражувачите на универзитетот вршеле испитувања врз здрави студенти, кои се непушачи и кои ретко пијат алкохол. Кога овие испитаници испиле по една конзерва енергетски пијалок, резултатите покажале голема промена во работата на нивните срца. Истражувањата недвосмислено покажале дека енергетските пијалоци негативно влијаат на кардиоваскуларниот систем.
Сево ова докажува една работа – енергетските пијалоци мора да се избегнуваат по секоја цена, ако сАкате да останете здрави и да жИвеете подолго.