Машката колекција за сезоната пролет-лето 2022 на модната куќа Emporio Armani покажува порелаксиран и лежерен став од вообичаеното. Колекцијата отстапува поваќе од формалниот стил, стил што добро се вклопува во новата генерација и покажува безгрижен став со допир на урбана елеганција. Течниот дизајн и освежувачката палета на бои што се движат од неутрални тонови до живописни бои ни покажуваат пријатен спој на елементи. Но кога станува збор за деталите тука се истакнува потписот на Emporio Armani. Оваа колекција претставува и прослава на четириесетгодишнината од излегувањето на нивната прва колекција. Може да се каже дека ова е добро прилагодување на ситуацијата со пандемијата бидејќи Emporio Armani од почетокот на пандемијата не учествуваше на ниту една физичка ревија.