V Magazine и Emporio Armani го покажаа својот календар за 2021, во кој секако акцент се става на долната облека. Модните списанија ја слават четириесетгодишнината од постоењето на италијанскиот бренд, а овој календар доаѓа како фил на прославата. Славни лица како Bella Hadid, Irina Shayk, Taras Romanov, Kailand Morris ги красат месеците. Календарот е комбинација од машки и женски модели кои покажуваат соодветна на нивниот пол долна облека. Фотографиите се направени во различни делови на светот, фотографирани од различни фотографи.