Ѕвездата од Game of Thrones, Емилија Кларк со задоволство би ја играла улогата на тајната агентка во женската верзија на Џејмс Бонд.

Неодамна таа изјави дека франшизата за агентот 007 е секогаш забавна и добра прилика и дека со задоволство би ја толкувала. Ова е една од многуте гласини кои излегоа во последно време, за фактот дека James Bond треба да добие верзија со главна женска улога, а многу актерски се најдоа на списокот.

Сепак, последниот Bond чија премиера е закажана за 8 април 2020 година ќе го толкува Даниел Крег. Што ќе се случи понатаму, останува да видиме, но девојките не треба многу да вложуваат надежи во женската верзија на оваа франшиза.

„Бонд е маж. Тој е машки лик. Пишуван како маж и сметам дека треба да остане маж. Напишан е во 50-те години на минатиот век па постојат некои нешта впишани во неговата ДНК кои веројатно никогаш нема да се сменат“, изјави Барбара Броколи, долгогодишен продуцент на James Bond. 

Изгледа дека сепак на Емилија Кларк нема да ѝ се исполни желбата.