Ема Вотсон ќе се приклучи како најнов член на бордот на директори во Kering – луксузниот француски конгломерат кој во своја сопственост има голем број врвни модни куќи, вклучително и Gucci, Saint Laurent, Bottega Veneta и Balenciaga.

Ема Вотсон, заедно со Тиџане Тиам, поранешната извршна директорка на Credit Suisse Group, и Жан Лиу, претседателот на најголемата кинеска транспортна компанија за такси сервис, car sharing и автомобилски услуги, се најновите членови на одборот на директори во Kering. Тиџане Тиам ќе биде задолжена за Одборот за ревизија, додека Жан Лиу ќе биде првиот претставник од Кина, кој е мошне значаен пазар за Kering.

„Колективната интелигенција која доаѓа од различни погледи и богатството на различните искуства се клучни за иднината на нашата организација. Горд сум што ќе додадеме такви таленти во нашиот тим.

Новите членови на одборот се особено важни за кинескиот потрошувачки пазар, кој има удел во една третина од глобалните продажби во секторот на луксузни роби. Кога станува збор за Ема Вотсон, нејзиното учество е обид за да се засили профилот на Kering во областите на одржливоста, разновидноста и етиката.

Вотсон

Иако во главно позната поради својата улога на Хермиона Гренџер во филмската верзија на Harry Potter, Beauty and the Beast и најновото издание на Little Women, британската актерка долго време е активистка за животната средина и правата на жените. Таа не само што е пионерка во етичкото облекувања, таа исто така е и амбасадорка на Глобалната добра волја на жените во Обединетите нации од 2014 година и од самиот почеток ја поддржува кампањата HeForShe за родова еднаквост. Во последно време таа гласно ги поддржа и Black Lives Matter и транс заедницата.

Вотсон

Вотсон ќе го предводи Комитетот за одржливост

Ватсон исто така е гостин уредник во Vogue Australia и е позната како заштитно лице на Good On You – бесплатна апликација за вреднување на модата на којашто таа лично се потпира за да направи еко-совесен избор за шопинг. Апликацијата ги вреднува модните брендови врз нивните етички и одржливи напори, и иако Kering се покажа дека е пред ривалот LVMH кога станува збор за одржливоста и етичноста, интересно е да се напомене дека најголемите брендови на овој конгломерат како Gucci, Saint Laurent и Balenciaga се оценети како „недоволно добри“ или „доволно за почеток“ од страна на оваа апликација.

Ова ја објаснува причината поради која Ема Вотсон, покрај тоа што доби место во бордот, исто така е назначена и за претседател на Комитетот за одржливост, кој се фокусира на поддршката поврзана со животната средина во рамките на групата – тема што претсавува огромна грижа кај луксузните купувачи од новата генерација.