По неколку недели неизвесност и надмудрување во преговорите меѓу технолошкиот гигант Twitter и најбогатиот човек на светот, работата е речиси официјална – Елон Маск ќе ја поседува социјалната мрежа. Со финална понуда од 44 милијарди евра, по цена од 54,20 долари по акција, Маск и Twitter „влегоа во дефинитивен договор“ според кој извршниот директор и основач на SpaceX и Tesla, меѓу другото, ќе добие апсолутна контрола врз социјалната мрежа која ќе стане приватна компанија.

„Одборот на Twitter спроведе внимателен и сеопфатен процес за да го оцени предлогот на Илон со намерно фокусирање на вредноста, сигурноста и финансирањето. Предложената трансакција ќе донесе значителна готовинска премија и веруваме дека тоа е најдобриот пат напред за акционерите на Twitter“, изјави Брет Тејлор, претседателот на Независниот одбор на Twitter.

Елон Маск планираше да го купи Твитер на 13 април по цена од 54,20 долари по акција, откако објави дека се стекнува со 9,2 проценти од акциите во компанијата, според The Verge и други голем број извештаи. Но, откако компанијата му понуди на Маск место во одборот, договорот пропадна, а извештаите сугерираат дека продажбата на Twitter на Маск целосно пропаднала. Сега, речиси две недели подоцна, двете страни успеаја да постигнат договор.

Не е јасно какви точно планови Маск има за социјалната платформа, но најбогатиот човек на светот беше прилично гласен на неговиот профил на Twitter – кој има повеќе од 83 милиони следбеници – за потенцијалните промени во апликацијата. Според него, „edit“ опцијата е од висок приоритет, како и спроведувањето на промените на Twitter Blue и прифаќањето на криптовалутите како опција за плаќање.

Маск, во својот најнов твит пред официјалното соопштение, истакнува: „Се надевам дека уште повеќе лоши критичари ќе останат на Twitter, бидејќи тоа е суштината на слободата на говорот“.