Италијанскиот спортски бренд Ellesse ја претстави својата колекција и кампања за сезоната Есен/Зима 2020. За оваа колекција Ellesse се концентрираше на наследството на брендот притоа фокусирајќи се на три категории, тенис, теретана и скијање.

За тенисот, брендот допира до корените на основачот Леонардо Сервадио користејќи ги традиционалните силуети прилагодени на денешницата. Како резултат, спортската опрема за тенис се полабави од вообичаено, додека ретро-стилот е развиен со употреба на технички ткаенини во современите шеми на бои.

Врвни материјали се користени за создавање на спортската облека наменета за теретана истовремено комбинирајќи елементи од минатотот и сегашноста. За својата скијачка линија, Ellesse нуди соодветни тематски парчиња со детали како крзно, рефлектирачки материјали.

Заокружување на колекцијата Есен/Зима 2020 е нејзината палета на обувки. Наследството ги заживеа силуетите како Tanker Mid Peak и Tanker Mid Quilted. Колекцијата е веќе достапна за купувачите онлајн.