Музичкиот трезор кој се гради на Арктикот од страна на Elire Management Group е подготовка за „судниот ден“ и може да издржи катастрофи и нуклеарни напади најмалку 1.000 години. Објектот кој поточно е лоциран на средина помеѓу Норвешка и Северниот пол има за цел да складира музички записи најмалку 1.000 години. Според извештајот Elire Global Music Vault ќе користи „future-proof digital storage“ за да собере важни музички записи, почнувајќи од Битлси па се до австралиска домородна музика. Компанијата веќе разговара со неколку партнери за технологија, за создавање на трезор сличен на тој во Ватикан.

Бидејќи главната цел на трезорот е зачувување на музиката која не обликувала како луѓе и ја обликувала нашата нација во случај на „судниот ден“, потребен е објект кој би издржал екстремни електромагнетни импулси. За да се избере музиката која ќе биде складирана Elire се здружи со Меѓународниот музички совет за да создаде глобален комитет, кој ќе работи со национални музички групи и ќе избере „најскапоцени и најсакани“ музички записи од повеќе земји. Во соопштението стои и дека јавноста ќе биде на некој начин вклучена во гласањето за тоа кои записи ќе бидат складирани, но на кој начин сеуште не е прецизирано.

Првите музички записи кои ќе бидат складирани се автохтона музика и тие ќе бидат складирани на пролет 2022, додека потоа ќе може да се складира современа музика, бидејќи за целиот процес потребно ќе биде одобрување од носителите на авторски права. Ќе има можност и за складирање на музички записи по барање, за кое Elire Management Group планира да им наплаќа на компаниите и на поединците кои сакаат да депонираат материјал во трезорот, како и за да им овозможи на слушателите пристап до снимките. Приходите се планира да бидат споделени со креаторите за на крај да се изгради посебен центар за пристап на посетители.