Curtiss Motorcycles е нова компанија која ни ја покажува нивната визија за иднината преку своите креации кои и тек како оставаат без здив. Curtiss Hera е инспириран од Glenn Curtiss моторот кој е претставен за прв пат во 1907 година.
Ретро дизајнот кој има футуристички детали е придвижуван од електричен мотор чиј дизајн потсеќа на V8 агрегат. Визијата на компанијата за почиста животна средина е една од причините за создавање на овој мотор.
Бидејќи претставува превозно средство за едно лице, партнерот не ќе може да го повозите со овој мотор што ја потенцира поентата на компанијата за безбедност. Спецификацијата сеуште е непозната. Само одбрани купувачи може да ја добијат спецификацијата и да ја дознаат цената на ваков еден мотор.