EQ дивизијата на Mercedes-Benz е заслужна за целосно електричниот EQS и ред други електрични автомобили кои го добиваат овој суфикс, но сега привлекува вниманието со креирањето на специјалниот eBike. Во партнерство со n+, Mercedes-Benz започна интерна колаборација со Mercedes-EQ Formula E тимот со цел да го креира овој тимски велосипед, користејќи го знаењето од патничките автомобили и Formula E болидите со цел да го креира еден од најелегантните електрични велосипеди на пазарот.

Претставен заедно со новиот Mercedes-AMG SL 55, Mercedes-EQ Formula E Team eBike ја прикажува сета убавина на едноставноста која е пресликана во најголемиот дел од дизајнерскиот јазик на Mercedes денес. Конструиран од лесна алуминиумска 6061 рамка, велосипедот е дизајниран да ги „сокрие“ батеријата и електромоторот за минималистичка естетика, отстранувајќи го индустрискиот стандард за прикажување на екстерните батерии.

Слично на ова, традиционалните детали како што е ланецот ги нема и заменет e со Gates CDX Carbon Belt Drive, додека Tektro Hydraulic диск сопирачките и Kendra Ks пневматиците отпорни на дупчење се поставени за да го создадат најактуелниот eBike на денешницата. Соодветно брендираните налепници ги красат рамката и раката, особено со налепница на која пишува „n+ Silver Arrows 02“, додека финалниот допир на LED светилки вградени во рамката укажуваат на нивото на батеријата.

На фотографиите е прикажан n+ Mercedes-Benz EQ Formula E Team Silver Arrows eBike во Matt Ben Stone боја, а велосипедот е достапен за нарачка преку n+ вебсајтот по цена од 4.500 долари.