Иако многумина го сметаат за парче облека кој го носат голф играчите или пензионерите, сепак добриот плетен елек го освежува и дефинира стилот на еден добро облечен маж особено во пролетните денови. Овој класик би се вклопил во вашиот стил доколку го искомбинирате со соодветна кошула, без разлика дали е бела или тексас.

Секогаш внимавајте на бојата, изборот на боја е битен бидејќи тој треба да биде спарен со целосниот аутфит. Големината на плетката, типот на плетката, материјалот, и големината на самиот елек се уште неколку параметри на кои треба да внимавате доколку сега решите да купите едно вакво парче облека. Славни личности кои носат ваков леер и го прават тоа со стил се Хари Стајлс, Рајан Гослинг…