Часовникот е додаток кој скоро секој маж го носи секојдневно. Преку ден спортски часовник, смарт часовник или некој интересен, модерен кој прилега за секој современ маж. Но колку сериозно го сфаќаме елегантниот часовник кој треба да го надополни нашиот имиџ кога станува збор за свечени пригоди. Тука всушност треба да следиме неколку критериуми кои се однесуваат на елегантните, свечени часовници.

На пример кога бираме ваков часовник секако треба да знаеме дека треба да биде релативно мал и рамен, односно куќиштето не треба да биде поголемо од 40 милиметри во дијаметар и еден самтиметар во висина. Ременот треба да биде елегантен, пожелно е да биде од кожа и во некоја потемна нијанса, која би одговарала на гардеробата која ја носите, така што дискретно би се лизгал под манжетната на кошулата.

Бојата на бројчаникот треба да биде придушена, така што Ferrari црвена или лимон жолта боја не треба да се зема во предвид. Овој тип на часовник не би требало да има многу додатоци кои ни даваат информации па стрелката за час, минути и евентуално секунди се доволни. Бидејќи за ваква пригода сакаме да се придржуваме до традицијата, битно е да се одбере некој механички часовник. Еве наша листа на часовници кои би одговарале за вакви настани.

1. Patek Philippe Calatrava Small Seconds: бело злато, мануелен, со дијаметар: 37 mm, висина: 7,68 mm, цена: 21.220 евра

2. Rolex Cellini Time: бело злато, автоматски, со дијаметар: 39 mm, цена: 14.200 евра

свечени пригоди

3. Nomos Orion Neomatik 39: не’рѓосувачки челик, автоматски, со дијаметар: 38,5 mm, висина: 8,7 mm, цена: 2.980 евра

4. Longines Flagship Heritage: не’рѓосувачки челик, автоматски, со дијаметар: 38,5 mm, висина: 10,3 mm, цена: 1.480 евра

5. Hamilton American Classic Intra-Matic: не’рѓосувачки челик, автоматски, со дијаметар: 38 mm, висина: 9,8 mm, цена: 825 евра

6. Seiko Presage Automatic: не’рѓосувачки челик, автоматски, со дијаметар: 40,5 mm, висина: 11,8 mm, цена: 399 евра