Откако успешно ги тестираше своите електрични патишта во Тел Авив, стартап компанијата Electreon оди во поход за трансформирање на патиштата во Европа. Технологијата на оваа компанија ќе го минимизира потрошеното време на станиците за полнење додека ја елиминира „вознемиреноста од опсегот“, два фактори кои се многу релевантни за електричните возила и долгите релации. Инфраструктурата на овие патишта е составена од мрежа на „под-патни единици” или бакарни калеми инсталирани под асфалтот.
За почеток, во јануари оваа година, во Европа беше инсталиран „електричен пат“ од 1,65 километри со 200 метарски сегменти во Готланд, Шведска, додека следна исталација ќе се прави во Италија. Енергијата од овие калеми се пренесува безжично до батериите на возилото преку магнетна индукција додека возилото патува по патот. Како дел од нивниот тест во 2020 година во Тел Авив, Electreon полнеше Renault Zoe со 8,5 киловати за време на возење и постигна ефикасност од 91%, иако компанијата тврди дека моќноста на полнењето може да се искачи на 15 киловати. Односно колку се поблиску двата калеми, толку е поефикасен трансферот.