Првите акорди на „I Don’t Want A Lover“ на почетокот на концертот на легендарните „Texas“ во Скопје кој се одржа вчера беа доволни за да публиката се внесе екплозивно во скоро двочасовниот концерт кој протече во еден здив.

Присутната публика, жедна за одлична забава веќе со следната безвременска „Summer sun“ значеше дека ова ќе биде концерт на кој вниманието не треба да се загуби ниту за миг.

Целиот концерт беше генериран од неверојатната позитивна енергија на Шарлин, која меѓу песните водеше забавни разговори, споделуваше детали за нејзината приватност и впечатоци од престојот во Скопје.

Енергична, со неверојатно моќен вокал, силна, експлозивна, непосредна, со интересена смисла за хумор, шармантаната Шарлин Спитери, во придружба на својот бенд направи вистински спектакл во скромната сала на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Пред нивниот настап, за загревање на атмосферата се погрижи домашниот бенд „Ареа”, одржувајќи речиси целовечерен концерт. Невообичаено е тоа што ова е еден од ретките концерти кога публиката беше речиси целосно дојдена и за настапот на пред групата.

„Texas“

Концертот беше во органзација на „Авалон продукција“ и како дел од одбележувањето на нивното 25-годишно постоење.