Ресортот Експлора Атакама се наоѓа во предградието на Сан Педро де Атакама, во центарот на најсушниот неполарен регион на земјата. Северниот дел на Чиле е познат по јасното, проѕирно небо и е место каде се поставени неколку најголеми телескопи во светот.
Шекспир има напишано : „Што има во името?“ Кога тоа име е „Експлора“, тоа значи неверојатно all inclusive-искуство „надвор од овој свет“. Ниту еден напор не е залуден за широкото пространство пред чудесијата, што ќе ги доживее љубопитниот патник во чилеанската пустина Атака, додека се разгалува во удобноста на прекрасен современ хотел, вкусни јадења и неограничени пијалоци. Затоа тие не се претставуваат себеси како „хотелска групација“, туку „компанија за истражување“.
Ресорот Експлора Атакама се наоѓа во предградието на Сан Педро де Атакама, во центарот на најсушниот неполарен регион на земјата. Пристигнувајќи таму од аеродромот во Калама, по 90 минути возење низ контрастни пејзажи, не пречека Макс Пулидо Асторека, љубезен менаџер и веднаш напрвивме мала турнеја низ објектите на ресортот.
За време на краткиот вовед, се запознавме со историјата и филозофијата на Експлора, но и со возбудливите авантури што ги нудат. Двапати на ден, гостите ги разгледуваат опциите за дневната авантура со искусни водичи, се информираат за нивната програма, со желба и намера да доживеат колку што е можно повеќе активности и да откријат нови места за време на нивниот престој.
Во текот на четирите дена од престојот, прошетавме со коњи низ околните кањони, и поискусните јавачи имаа можност да си играат каубои и да галопираат низ пустината. Шетавме по работ на долината на Марс и се искачуваме и спуштавме низ стрмниот песочен рид. Возевме до солените живеалишта на розовите фламинга.
Трчавме низ шарениот Кањон на Виножито, преку неговите чудесни формации. Видовме искривени гејзери, искачувавме високи планини во близина на вулкани, на речиси 6.000 метри надморска височина, одевме на тури со велосипед низ градот и неговите предградија. Го посетивме ексклузивниот базен со топли извори на Експлора, што беше совршено опуштање по напорното искачување по патеката покрај еден тесен поток.
Навечер, има можност да го гледате небото и небесните тела во сопствената опсерваторија на Експлора, водена од искусен астроном. Северниот дек на Чиле е познат по јасното, проѕирно небо и е место каде се поставени неколку од најголемите телескопи во светот. Можевме да го видиме Млечниот пат, неколку големи sвезди, прстените на Сатурн, облаците на Јупитер и уште многу небесни тела.
Како all inclusive – ресорт, со само 50 соби, Експлора нуди високо ниво на лична услуга и незамислива удобност. Во рамките на ресортот има четири базени: еден загреан и три адреналински, и уште џакузи и сауна, кои нудат можност за опуштање и релаксација по напорното патување. Периодично, се организираат излети за сите гости на отворен приватен ранч на Експлора, што е веројатно најрафинираниот што некогаш сме го виделе.
Ресортот Експлора Атакама се неоѓа на една од седумте локации што ги поседува компанијата, а има планови за туристичко култивирање на уште нови места. Врз основа на нашето прво искуство, ние сме подготвени да ги откреме останатите.
СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ММАГАЗИН. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.