Reebock ги претстави најновите патики за трчање од својата колекција. Потполно еколошки, изработени од растенија.
Нивното име е The Forever Floatride Grow, а конструирани се од семиња од кантарион, алги, еукалиптус. Reebock го однесе одржливото производство едно ниво погоре со новите Тhe Forever Floatride Grow патики за трчање. Според атлетичарите, станува збор за најдобро изработените одржливи патики досега. Претставуваат напредна верзија на Forever Floatride Energy, патики кои го исполнуваат квалитетот за својата цена. Од Reebock ветуваат дека и нивниот наследник ќе ги исполни сите очекувања.
Еукалиптусовото дрво во составот на патиката, дозволува ногата да дише, додека алгите ја прават отпорна на мириси. Овие патики се дел од колекцијата Cotton + Corn на Reebock чија основна идеја е одржливоста во модата.
Се очекува да се најдат на пазарот во есен 2020 година.