Кинескиот производител на беспилотни летала EHang го заврши првиот лет на својот патнички дрон на три различни локации во Јужна Кореја и тоа во Сеул, Даегу и Чеџу. Оваа турнеја е почетна точка за истражување на пазарот за урбана мобилност во воздух во Кореја. Овој тип на мобилност покрај транспорт на патници би се користел и за итна медицинска помош и разгледување.

Првиот автономен лет на EHang 216 беше изведен над густо населена област во Сеул, вториот во Даегу се искористи за испорака на 119 пожарникарски комплети, додека третиот на островот Чеџу се искористи за разгледување на областа. По завршување на летовите трите летала добија посебни сертификати од MOLIT (Ministry of Land, Infrastructure and Transport).