По дефиниција, книжарницата би требало да е продавница во која се продаваат книги, стари и нови изданија. По истата таа дефиниција во нашите глави, книжарницата е вообичаено преполнета со различни изданија, стари и нови. Денешните книжарници за жал, се се помалку, бидејќи луѓето го насочуваат своето внимание на онлајн купувањето. Катчињата за читање и кафе, се се поретки. 

Во Кина, нештата се поинакви. Книжарниците се пространи и наменети за љубителите на пишаниот збор и кафето, и за разлика од останатите простори во светот, во Кина ги има сè почесто. 

Една таква е и оваа на фотографиите во продолжение, дизајнирана од страна на студиото за дизајн Gonverge Interior Design, што може секого да го претвори во љубител на читањето.