Гигантот на комедијата при едно од неговите последни интервјуа изјави дека планира да оживее неколку од своите стари проекти. Еди Марфи покрај тоа што конечно ќе биде домаќин на Saturday Night Live, на својата агенда ги има следните две продолженија: Coming 2 America, треба да е второ продолжение на Coming to America и четвртото продолжение на Beverly Hills Cop. 

Еди Марфи

Актерот вели дека со нетрпение чека да се врати на стенд ап сцената, но и пред камерите. Голем предизвик е да се види како Марфи ќе се снајде по толку години, особено ако земеме предвид дека неговиот хумор беше најчесто врзан со теми кои денес би биле политички и социјално некоректни. 

Dolemite Is My Name е неговиот последен филм, а фановите стискаат палци дека актерот добро ќе се снајде со понатамошните проекти.