Сметан како најиновативното и модуларно лесно возило на светот, eBussy, кој го произведува германскиот производител за електрични возила Electric Brands може да се конфигурира во најмалку 10 различни типови на возила. Достапен во варијанта со две шасии, модуларниот концепт е развиван според „LEGO принципот“ со кој лесно и брзо да го адаптирате вашиот eBussy за вашите потреби онолку колку што ќе посаката. Од пикап до кампер, овој електричен автомобил може да се прилагоди на вашите потреби како камелеон.

Овој автомобил на Electric Brands се карактеризира со впечатлив дизајн и може да генерира опсег до 200 километри дневно благодарение на своите интегрирани соларни модули и рекуперативната можност за возење. Максималната автономија на движење, без полнење, со полна батерија и соларните модули е над 600 километри. Со оглед на тоа дека има повеќе од 10 модуларни и сменливи панели од каросеријата, може лесно да се претвори во кабриолет, оф-роуд возило, караван, пикап или камперски автобус со само неколку едноставни чекори.

Иновативен пристап

Со својот перманентен, електронски контролиран погон на сите четири тркала во комбинација со својот иновативен all-steering систем, со своите дигитални надворешни ретровизори и комуникациски систем кој се контролира преку апликација, како и 1.000 Nm вртежниот момент, eBussy поставува нови стандарди и тоа не само како лесно возило. Инаку, секоја варијанта на eBussy пристигнува со мала батерија од 10 kWh која гарантира автономија на движење од 200 километри, а како опција е достапна и батерија со 30 kWh.

eBussy има интегрирани соларни подлоги со површина до 8 метри квадратни зависно од модулот. Со ова, добивате 13 kWh дневно. Во комбинација со рекуперативните мотори, можете да патувате до 300 километри без истите да ги промените. Кога станува збор за модулите, тие се исто така разновидни и корисникот може да ги менува од време на време. Најосновната конфигурација на eBussy стартува од 15.800 евра, а може да достигне цена и од 28.800 евра за камперското комби кој се карактеризира и со дополнителна опрема како фрижидер, телевизор и резервоар за свежа вода.