На јубилејниот 30. Mеѓународен филмски фестивал во Трст, Италија, кој се одржува од 18 до 25 јануари, на македонскиот филмски режисер Милчо Манчевски му беше доделена наградата Eastern star за достигнувања во областа на кинематографијата.
Досегашни добитници на оваа награда се италијанската актерка Моника Белучи, француската актерка Ирен Жакоб и хрватскиот актер Раде Шербеџија.
Во чест на заслужниот македонски уметник беше прикажан неговиот најнаградуван филм „Пред дождот“ кој го освои „Златниот лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција, беше номиниран за Оскар и освои уште 30 меѓународни награди, а Њујорк тајмс го вброи во 1.000 најдобри филмови на сите времиња.
Пријатно изненадување за Г-динот Манчевски беше подготвено од страна на раководството на фестивалот повикувајќи го на сцената за време на свеченото затварање на фестивалот за да му ја врачат наградата.