Во чест на педесетгодишнината од Денот на Планетата Земја, Ralph Lauren ја претстави колекцијата Earth Polo, славната поло маица направена од рециклирана пластика. Една Earth Polo маица, која е придонес за екологијата е направена од дванаесет пластични шишиња.

За да биде приказната поеколошка овие маици се боени со процес кој не користи вода, што е доста голем чекор знаејќи го фактот дека оваа индустрија користи големи количини на вода и е доста голем загадувач. Директорот за иновации Дејвод Лорен изјави дека овој процес е само дел од поголема еколошка иницијатива на куќата.

Earth Polo

„Промената на начинот на иновација, дизајнирање и производство на нашите производи е првиот од многуте чекори што ги преземаме како компанија. За нас, сето тоа започна со колекцијата Earth Polo. Ralph Lauren ќе се фокусира на отстранување на најмалку 170 милиони пластични шишиња од депониите и од океанот, а наместо материјалите кои ги користевме досега, ќе користиме само рециклирани материјали до 2025 година. Пластичниот отпад е голем проблем што ја загрозува нашата животна средина и ние сакаме да бидеме дел од решението и да користиме иновативен пристап за да создадеме нешто вредно“.

Оваа колекција брои маици достапни во деветнаесет бои, а колекцијата е наменета за мажи, жени и деца.