Најновото мирисно искуство од Dior, парфемот Sauvage Elixir, го претставува познатиот актер Џони Деп. Држејќи гитара и покажувајќи ги своите тетоважи, Деп го отелотворува бунтовниот дух на бестрашниот Sauvage Elixir. „Сакав да останам доследен на одлучувачките ноти притоа доведувајќи ги до густина без преседан. За да ја постигнам оваа моќ, избрав да ја усогласам нејзината архитектура до најесенцијалното. Трагата на овој еликсир е изненадувачки длабока и густа“, вели Франсоа Демажи, креатор на овој парфем. Целината на овој парфем ја шири срцевината од цимет и морско оревче, балансирана со кардамон. Мирисот вклучува и бисоки ноти на грејпфрут. Шишето во кое е спакуван самиот парфем исто така ја доловува мистиката на оваа креација. Па така стакленото шише доаѓа во „Midnight blue“ боја.