Најновиот производ кој доаѓа од моќниот бренд Prada, машкиот парфем Prada Luna Rossa Ocean е претставуван од актерот Џејк Џиленхол. Момчето за сите како што го нарекуваат актерот, се појавува пред објективот на фотографот Салве Сундсба и несомнено го претставува производот со неверојатна кохезија. „Со комбинација на физичка и интелектуална сила, Џејк е модерен авантурист, совршено олицетворение на новиот машки мирис на нашиот бренд. Неговото уникатно актерско дело ги зголемува емоционалните граници, додека визионерските проекти на кои се фокусира цели кон новите смели хоризонти, ново раскажување приказни“, споделува генералниот директор на италијанскиот моден гигант Prada. Парфемот Prada Luna Rossa Ocean носи мириси на бергамот, розев бибер, ирис, жалфија, шафран, велур и лаванда кои се надополнуваат со основни ноти на пачули, мошус, карамела и ветивер. Овој производ е изграден врз идејата дека технологијата е продолжение на човештвото, можност за преминување на границите на можности и отварање на нови хоризонти.