Милијардерската вселенска трка продолжува и понатаму, откако основачот на Amazon и најбогат човек на светот, Џеф Безос, во придружба на неговиот брат Марк, 18-годишниот холандски тинејџер Оливер Даемен и 82-годишната Мери Волас Фанк со Blue Origin во првиот патнички лет на оваа компанија во вселената.

Лансирањето беше успешно, а четирите патници беа сместени во капсулата New Shepherd (именувана според астронаутот пионер Алан Шепард) и полетаа од Ван Хорн, Тексас. Капсулата ја помина Карман линијата – околу 100 километри над површината на земјата – каде што воздухот во атмосферата станува мошне редок за да поддржи едно возило и бестежинската состојба на вселената преовладува.

Посадата помина околу 11 минути во вселенски услови пред да се врати на Земјата без никакви очигледни проблеми.

Најстариот и најмладиот патник во вселената

Инаку, најстариот член на екипажот, Фанк, е оригинален член на волонтерскиот програм на NASA „Жени во вселената“ од 1961 година. Сепак, таа никогаш не доби шанса да отпатува во вселената, но благодарение на патувањето со Безос, таа стана рекордер и е најстарата личност со ваков лет.

Со 18 години, сопатникот на Фанк, Оливер Даемен, исто така постави рекорд, станувајќи најмладата личност што некогаш отпатувала во вселената.

И додека „колегата“ милијардер на Безос, Ричард Бренсон, е првиот од ултра-богатите претприемачи кои имаат за цел да комерцијализираат летот во вселената го направи тоа на 11 јули, New Shepard на Безос успеа да ја надмине висината на Virgin Galactic, со оглед на тоа дека SpaceShipTwo се искачи 80 километри над Земјата.

Елон Маск, пак, може да се пофали дека ја победи својата конкуренција, откако SpaceX однесе луѓе во вселената во мај 2020. Сепак, Маск не беше во леталото, па на крајот ќе биде третиот милијардер кој лично ќе замине на такво патување во случај да се одлучи да се приклучи на некој од SpaceX екипажите во следните лансирања.

По слетувањето, Безос – кој истакна дека слетувањето на Месечината во 1969 година и телевизискиот пренос кој го гледал како дете било неговата инспирација за сето ова – истакна дека ова искуство е „најдобриот ден во животот“.