Streetfighter V4 со повеќе од 200 коњски сили се базира врз најмоќниот мотор на Ducati.
Месеци откако го видовме прототипот за Ducati Streetfighter V4, италијанскиот бренд за моторцикли конечно ја откри финалната верзија на моќниот нов супермотор. Се базира на Panigale V4 најмоќниот модел на Ducati досега. За разлика од Panigale V4 кој има 214 коњски сили, Streetfighter V4 има 208, што го прави по компатибилен за улиците.
Што се однеува до дизајнот од Ducati велат дека минималистичките фул ЛЕД предни светла во форма на V делат сличности со предниот дел на Panigale V4, додека истовремено асоцираат на лудата насмевка на Joker. Достапен е и во V4S варијанта, а почетната цена изнесува 19,995 долари. Во продажба ќе биде достапен во пролетта 2020.