Dsquared2 ја претстави машката колекција колекцијата Resort 2022. По период од присилна изолација, и страв, конечно се врати желбата за средба со пријателите. Овој момент брендот го преточи во својата нова колекција отелотворувајќи ја младоста. Спонтаноста која се проткајува низ целата колекција, испорачуваат забавни слоеви и кроеви. Во оваа колекција Dsquared2 претставува облека од тексас, со опуштени кроеви, мешавина од живописни бои и неутрални тонови, спортски парчиња и модерни секојдневни стилови. Стилот се означува и како секси, гламурозен, за опуштени разговори со часови. Машкоста не е скриена воопшто, но слободниот стил во опуштена форма, искомбинирана со графити, бои, различни ткаенини од кадифе до плетена облека се доста присутни во оваа Dsquared2 Resort 2022 машка колекција.