Од денес до 1 јуни во Кочани ќе се одржи Драмски аматерски фестивал – ДАФ. ДАФ кој е фокусиран на македонските аматерски театарски групи во последните години стана препознатлив и надвор од границите на земјава со што пријавите за учество растат.

Приоритетот на домашната продукција останува, но ќе има и гостувања од САД, Србија, Грција, Бугарија… Во официјална конкуренција се 16 селектирани театарски претстави од Македонија и странство кои се направени од страна на селекторот Јасминка Билаловиќ.

На првиот фестивалски ден публиката ќе може да види две професионални претстави (вон конкуренција), кои имаат за цел да го поткренат ендрофинот на кочанчани, едната е „Човекот“ пантомима на Трајче Ѓеоргиев, актер од МНТ и хит претставата „Вардарски Пастуви“ во режија на Синиша Евтимов, а во продукција на Театар Комедија.

Предвидени се и гостувања од странство. Од Република Србија, гостува Аматерско позориште „Хранислав Драгутиновиќ“ – Прокупље, а на затворањето гостува ДАХ театар од Белград со дипломирани студенти од белградската академија, под менторство на Мирјана Карановиќ (го играат ММЕ од Дејан Дуковски). Истиот ден на последниот ден од фестивалот гостува Македонскиот културен центар во Софија и монодрамата „Страстите на Илија“ со Игор Дамјанов.

Покрај драмската програма ќе има настапи и на акробатски музичари, физички театар, предавања, концертни настапи, изложби, промоции на книги… Ќе има изложба на избор од сценографиите на Крсте Џидров – Џиби и промоција на поезијата на македонски јазик на Џелаледин Мевљана Руми од Тихомир Јанчовски, во придружба на вокалите Добрила Грашеска и Зоран Тортевски.

Последната вечер ќе бидат доделни наградите. Тричлена комисија на фестивалот доделува награда за главна машка и женска улога, споредна машка и женска улога, Награда за уметничка иновација и истражување во аматерскот драмски израз, награда за најдобра режија и за најдобра претстава „Васил Ќортошев“

ДАФ ПРОГРАМА