За да ја прослави својата 60-годишнина, Dr. Martens соработува со 12 дизајнери, како би ги претставил некогаш популарните чизми повторно. Првиот пар на Dr. Martens 1460, излезе од производната линија на фабриката во Англија на 1 април 1960 година.
Docs на почетокот беа популарни меѓу работниците кои ја ценат удобноста и издржливоста на чизмите. Подоцна овие чизми беа усвоени меѓу младите панк-рок кругови.
За 60-годишнината Dr. Martens соработува со 12 брендови, дизајнери, а првата соработка е со A Bathing Ape (BAPE), јапонски бренд. На веб страна drmartens.com, чизмите ќе бидат достапни од 25-ти јануари, а кои се останатите единаесет соработници, ќе дознаваме во текот на годината, бидејќи компанијата планира секој месец да претставува по еден од своите дванаесет соработници.