Еве неколку рецепти за здрав доручек од само 300 калории.
- Јајца со пармезан: згответе 2 јајца на 1/2 лажица путер. Зачинете по желба. Откако ќе ги зготвите јајцата, врз нив ставете една лажица песто и една лажица рендан пармезан (по желба можете да ставите и пиперка).
- За љубителите на лесен и овошен доручек: во сад ставете една лажица малини и мед. Со лажица гмечејќи ги малините направете сос. Додадете една чаша грчки јогурт и една лажица бадеми.
- Тортиља со кашкавал и сланина: земете една тортиља и на неа наросете 2 лажици рендан кашкавал (препорачливо ементал), 1 лажица печена сланина и една лажица исецкано на коцки авокадо.