Холандскиот производител го лансираше ова ограничено издание на Donkervoort D8 GTO JD70 моделот кој може да се регистрира и да се користи на јавните патишта. Со оглед на тоа дека Donkervoort ќе произведе само 70 примероци од овој модел, вистинска реткост ќе биде некој од нив да се забележи на патиштата.

Поставен на Nankang AR-1 гуми, овој Donkervoort D8 GTO JD70 се напојува со 2.5-литарски петцилиндричен турбобензинец на Audi кој испорачува 420 КС. За пренесување на моќноста на задната осовина е задолжен петстепениот рачен менувач на Tremec со скратени преносни односи.

Уште поинтересно е тоа што овој автомобил е наречен  „првиот 2G супер спортски автомобил“, кој кажува дека Donkervoort D8 GTO JD70 е способен да надмине 2G странично забрзување во острите кривини и го достигнува ова ниво на стандардни патнички гуми.

Со 420 коњски сили може и не звучи толку спектакуларно, но ако се земе в предвид неговата тежина од 700 килограми, тогаш мислам дека би биле запрепастени. За забрзување до 200 километри на час потребни му се 7,7 секунди. Највисоката брзина на овој „картинг за двајца“, инспириран од Lotus Seven, изнесува 280 километри на час.

Прочитајте повеќе на avtoplus.mk