Nike Air Fear of God 1 кои претходно беа достапни во посветли бои, конечно добија и целосно црна верзија. Патиките на Џери Лонрецо кои ја илустрираат високата улична мода и кошаркарски стил, се направени од издржлив мек материјал кој комбинира балистичка најлонска мрежа и мек велур.

Целиот изглед е дополнет со пластична стилска решетка на која е проткаен системот за врзување а од друга страна дава дополнителна потпора. Амблемот „Fear of God“ се забележува на заднот дел од патиките, а пакувањето е исклучително. Патиките од денес се достапни на Nike.com по цена од 350 американски долари.