Брендот Dolce & Gabbana нуди свежа интерпретација на својот ексцентричен стил со кампањата есен-зима 2021 година. Овој пат Сицилија е земена како веќе позната, но повторно обмислена позадина за претставување на колекцијата. За оваа кампања одговорен фотограф е Јуерген Телер, познатиот германски ликовен уметник и моден фотограф, добитник на многу признанија. За претставување на машката колекција за сезоната есен-зима 2021 се искомбинирани разиграната контраст, гламурот на брендот Dolce & Gabbana и минималистичка естетика која ја истакнува убавината на несовршеноста, која е потпис на фотографот. Колекцијата која изобилува со ексцентрични и авангардни парчиња, има инкорпорирано доста црна боја и златни детали.